Политика за заштита на лични податоци

Идентитет и контакт податоци на контролорот
КОНТРОЛОР: ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ
УЛ. НИКОЛА ПАРАПУНОВ 1/56, СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА
CONTACT INFO: E-MAIL: contact@foxver.com

1. Правна основа за обработката на личните податоци
Обработката на личните податоци од страна на контролорот е законита, а истата се врши за потребите за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна.

2. Цели на обработка
Личните податоци се обработуваат од страна на контролорот со намена истите да бидат користени за:

  • Да се овозможиработење и одржување на нашата веб- страница;
  • Подобрување, персонализација и проширување на нашата веб- страница;
  • Сфаќање и анализа на начинот на кој ја користите нашата веб- страница;
  • Развивање на нови продукти, сервиси, опции и функции;
  • Комуникација со Вас, директно или преку некој од нашите партнери, вклучително и за корисничка поддршка, да ви обезбедиме ажурирања и други информации во врска со веб-страницата и за маркетинг и промотивни цели;
  • Испраќање на е-мејлови;
  • Пронаоѓање и превенција на измама.


3. Пренос на лични податоци

Контролорот на личните податоци не врши никаков пренос на обработените лични податоци на трети лица во земјава и странство, ниту пак на други меѓународни организации.

4. Временски период на чување на личните податоци
Личните податоци кои се предмет на обработка од страна на контролорот ќе се чуваат во период сметано од почетокот на договорениот деловен однос, па се до истекот на период од 3 месеци сметано од датумот на престанок на договорениот деловен однос.

5. Дополнителни информации

  • Субјектот на личните податоци има право да бара од контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на личните податоци, право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците.
  • Одлучувањето по повод поднесените приговори за обработка не се заснована на автоматизиран процес на одлучување од страна на контролорот.
  • Личните податоци на субјектот на личните податоци не се предмет на профилирање.
  • Субјектот на личните податоци својата согласноста за обработка за личните податоци може да ја повлечена во секое време.
  • Субјектот на личните податоци има правода поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.
  • Давањето на личните податоци на субјектот на личните податоци, како договорна страна, е услов за склучување на договорот, во спротивно ваквиот договор нема да биде склучен.
  • Контролорот не обработува лични податоци за цели различни од оние за кои се собрани личните податоци, а доколку контролорот има намера за обработка на личните податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци, пред понатамошна обработка на субјектот на личните податоци му се обезбедува информации за другата цел и сите други потребни информации.

 
6.
Безбедност на обработката на личните податоци
Безбедност на обработката на личните податоци опфаќа:

  • псевдонимизација и криптирање на личните податоци;
  • способност за обезбедување на континуирана доверливост, интегритет, достапност и отпорност на системите и услугите за обработка;
  • способност за навремено, повторно воспоставување на достапноста до личните податоци и пристапот до нив во случај на физички или технички инцидент;
  • процес на редовно тестирање, оценување и евалуација на ефективноста на техничките и организациските мерки со цел да се гарантира безбедноста на обработкатa.