Политика за заштита на личните податоци

1. Цел на политиката

Со оваа политика за заштита на личните податоци се даваат општи информации за начинот на кој се собираат, одржуваат и управуваат личните податоци на субјектите на личните податоци при посета и регистрација на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени.

Веб-страната https://foxver.com и поддомените https://mail.foxver.com, https://cloud.foxver.com и https://cp.foxver.com се сопственост на Друштво за информатички услуги ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје.

2. Цели на обработка

Личните податоци се обработуваат од страна на контролорот со намена истите да бидат користени за:
– Да се овозможи работење и одржување на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени;
– Подобрување, персонализација и проширување на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени;
– Сфаќање и анализа на начинот на кој ја користите веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени;
– Развивање на нови продукти, сервиси, опции и функции;
– Комуникација со корисникот/субјектот на лични податоци;
– Обезбедување на корисничка поддршка;
– Испраќање на е-мејлови за промотивни цели или други информации во врска со веб-страницата;
– Пронаоѓање и превенција на измама.

3. Информации што се собираат

3.1 Датотеки на логови

ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје следи стандардна процедура на користење датотеки на логови.

Во овие датотеки се евидентираат информации за системот преку кој посетителите/корисниците пристапиле на  веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени . Податоците собрани преку датотеки на логови вклучуваат адреси на Интернет протокол (IP), тип на прелистувач, печат за датум и време, страници за упатување/излез.

3.2. Колачиња

Веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени користат „колачиња“. Овие колачиња се користат за чување на информации вклучително и сесии.

Информациите се користат за оптимизација на искуството на корисниците со прилагодување на содржината на веб-страницата.

„Колачињата“ кои се користат од ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје не содржат никакви лични податоци.

4. Давање на лични податоци при регистрација на сметка

При регистрација на сметка и добивање на корисничко име на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени, ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје од страна на корисникот/субјектот на лични податоци задолжително ќе му биде побарано информации за контакт, вклучувајќи лични податоци, како што се име, име на компанијата, адреса, адреса на е-пошта и телефонски број.

Податоците кои се поврзани со дебитните/кредитните картичките на корисниците или банкарските сметки на корисниците се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје не собира и нема пристап до информациите кои се поврзани со картичките на корисниците или банкарските сметки на корисниците.

5. Согласност за обработка на лични податоци при регистрација на сметка

При регистрација на сметка и добивање на корисничко име на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени, ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје од страна на корисниците/субјектите на лични податоци задолжително ќе им биде побарано да дадат потврда дека имаат навршено најмалку 14 годинии тоа со штиклирање на полето, како и да дадат согласност за обработка на нивните лични податоци и тоа со штиклирање на полето, како јасно потврдно дејствие со кое се изразува согласност за обработка на личните податоци, односно со кое се потврдува возраста на  корисниците/субјектите на лични податоци.

6. Информации коишто се доставуваат до субјектот на личните податоци при собирање на неговите лични податоци.

При давање на личните податоци на корисниците/субјектите на лични податоци, односно во моментот на собирање на личните податоци, на субјектот на личните податоци му се обезбедуваат информации за: идентитетот и контакт податоците на контролорот, целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката, временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа е невозможно, критериумите што се користат за одредување на тој период, постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на субјектот на личните податоци, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците, постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, правото на поднесување барање до Агенцијата, информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени, информации за постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и дека контролорот пред понатамошната обработка на личните податоци за цели различни од наведените, на субјектот на личните податоци му обезбедува информации за другата цел и сите други потребни.

При регистрацијата на веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени од субјектите на лични податоци ќе биде побарано да дадат изречна согласност во форма на изјава и тоа со штиклирање на полето, за обработка на нивните лични податоци за целите наведени во оваа политика.

7. Пренос на лични податоци

Контролорот на личните податоци не врши никаков пренос на обработените лични податоци на трети лица во земјава и странство, ниту пак на други меѓународни организации.

 

8. Временски период на чување на личните податоци

Личните податоци кои се предмет на обработка од страна на контролорот ќе се чуваат во период сметано од почетокот на договорениот деловен однос, па се до истекот на период од 3 месеци сметано од датумот на престанок на договорениот деловен однос.

9. Дополнителни информации

–   Субјектот на личните податоци има право да бара од контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на личните податоци, право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците.

–  Одлучувањето по повод поднесените приговори за обработка не се заснована на автоматизиран процес на одлучување од страна на контролорот.

–  Личните податоци на субјектот на личните податоци не се предмет на профилирање.

–  Субјектот на личните податоци својата согласноста за обработка за личните податоци може да ја повлечена во секое време.

–  Субјектот на личните податоци има право да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

–  Давањето на личните податоци на субјектот на личните податоци, како договорна страна, е услов за склучување на договорот, во спротивно ваквиот договор нема да биде склучен.

–  Контролорот не обработува лични податоци за цели различни од оние за кои се собрани личните податоци, а доколку контролорот има намера за обработка на личните податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци, пред понатамошна обработка на субјектот на личните податоци му се обезбедува информации за другата цел и сите други потребни информации.

10. Обезбедување на личните податоци

ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје превзема соодветни административни, физички и технички мерки за заштита на личните податоци од загуби, манипулации и неовластен пристап.

ДИУ ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ Скопје обезбедува континуирана доверливост, интегритет, достапност и отпорност на системите и услугите за обработка

11. Завршни одредби

Оваа политика за приватност се однесува единствено за веб-страната https://foxver.com и сите поврзани поддомени и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува на посета на други веб-страници до кои може да се пристапи преку https://foxver.com и сите поврзани поддомени.

Оваа Политика стапува на сила на денот на нејзиното донесување.  Оваа политика ќе биде објавена на веб-сјатот https://foxver.com на денот на нејзиното донесување.