Општи услови

За начин, пристап и користење на услугите на Друштво за информатички услуги ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ

ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

Со овој документ се утврдуваат општите услови за начинот, пристапот и користењето на услугите (во понатамошниот текст: Општи услови) кои ги обезбедува Друштво за информатички услуги ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ (во понатамошниот текст: ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ), како трговско друштво кое обезбедува дигитални услуги во сферата на информатичките услуги, на претплатниците како корисници на услугите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, (во понатамошниот текст: претплатник/ци).

Општите услови се составен дел на Општата понуда за склучување на претплатнички Договор со ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Општата понуда за склучување на претплатнички Договор (во понатамошниот текст: Општа понуда) помеѓу ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и претплатниците ги содржи сите суштествени елементи на еден договор.

Пристапот до услугите кои ги нуди ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и нивно користење е условено од прифаќање на овие Општи услови како составен дел на Општата понуда за склучување на претплатнички Договор.

Веб-страницата https://foxver.com и поддомените cp.foxver.com, mail.foxver.com и cloud.foxver.com се сопственост на Друштво за информатички услуги ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Секое прекршување на Општите услови ќе се смета за прекршување на одредбите од претплатничкиот Договор што ќе резултира со раскинувањето на истиот и прекинување со понатамошно давање на услугата од страна на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и/или суспендирање на корисничката сметка на претплатникот.

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

1. ЗАСНОВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИ ОДНОС

1.1 ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИ ОДНОС

– За засновањето на претплатнички однос и обезбедување пристап до дигиталните услуги на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ потребно е заинтересираното лице (во понатамошниот текст: барател) да пристапи на веб-странатаfoxver.com и да креира корисничка сметка.

– При креирање на корисничката сметка барателите се обврзани да достават точни и веродостојни податоци потребни за креирање на корисничката сметка.

– При креирање на корисничка сметка од страна на физичко лице, барателот- физичко лице треба да ги наведе неговите податоци.

– При креирање на корисничка сметка од страна на правно лице, законскиот застапник или друго овластено лице вработено кај правното лице треба да ги наведе податоците за барателот- правното лице.

– Барателите со доставувањето на податоците потврдуваат дека истите се точни и веродостојни и дека во целост одговараат на фактичката состојба на идниот претплатник.

– Доставување на погрешни или лажни податоци претставува прекршување на одредбите од Општите услови и може да резултира со одбивање на барањето за креирање на корисничка сметка, прекинување со понатамошно давање на услугата од страна на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и/или суспендирање на корисничката сметка на претплатникот.

– По креирање на корисничката сметка на барателот му станува достапна Општата понуда, како предлог за склучување на претплатнички Договор направена за неопределен број на лица.

– Со прифаќање на Општата понуда од страна на барателот, ќе се смета дека договорните страни постигнале согласност за суштествените состојки на договорот, односно дека  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и сега претплатникот склучиле Договор за обезбедува дигитални услуги во сферата на информатичките услуги.

– За прифаќање на Општата понуда од страна на барателот ќе се смета неговото давање на изречна изјава за прифаќање на понудата, дадена  со штиклирање на празното поле.

– Претплатничкиот однос се смета за заснован од денот на прифаќање на Општата понуда од страна на барателот, односно од денот склучување на претплатничкиот договор.

– Правата и обврските на договорните страни што произлегуваат од претплатничкиот договор важат од денот на активирање на услугите кои се предмет на претплатничкиот договор.

– Со прифаќање на општите услови корисникот е изречно согласен фактурите за извршени услуги исклучиво да му пристигнуваат на е-мејл, кој претплатникот ќе го наведе како е-мејл за достава на фактури.

– ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ по склучување на претплатничкиот договор ќе му овозможи на претплатникот користење на сите предвидени услуги, поединечно или во рамки на пакет избран од самиот претплатник кое истиот ќе може да го менаџира преку веб-страницата cp.foxver.com

– Повеќето од дигитални услуги на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ се автоматизирани и му се овозможуваат на претплатникот по само неколку минути од склучување на претплатничкиот договор, со неколку исклучоци, кога времето на овозможување на услугите е подолго.

 

1.2 ДОГОВОРНИ СТРАНИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЗАСНОВАЊЕ ПРЕТПЛАТНИЧКИ ОДНОС

– Договорни страни во Договорот се ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ како давател на дигитални услуги одедна страна и од друга страна претплатникот како краен корисник на дигиталните услуги.

– Претплатник на услугите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ може да биде секое деловно способно домашно или странско физичко или домашно или странско правно лице против кое не е поведена претходна постапказа испитување на услови за отворање на стечајната постапка, стечајна постапка или постапка за ликвидација кое за обезбедување пристап кон дигиталните услуги склучува Договор со  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

 

1.3 МИНИМАЛНО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ

– Со прифаќање на Општата понуда за склучување на претплатнички Договор, претплатникот се обврзува најкусиот период на задолжителното минимално времетраење на договорот да изнесува 1 месец, но истото во секој случај не може да трае подолго од 12 месеци.

– По истекот на задолжителното минимално времетраење на договорната обврска, претплатникот може да склучи со  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ нов претплатнички Договор со обновено задолжителното минимално времетраење на договорната обврска.

– Доколку претплатникот не склучи нов Договор со  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ по истекот на периодот на задолжителното минимално времетраење на договорната обврска, склучениот Претплатнички договор продолжува да важи согласно важечкиот Ценовник на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

– Доколку услугата или пакетот на услуги престанува да важи по истек на задолжителното минимално времетраење,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ ќе го извести Претплатникот, во рок не пократок од 30 дена пред истекот на важноста, дека склучениот Претплатнички договор нема да се продолжи по автоматизам.

2. Дигитални УСЛУГИ

2.1 Видови на ДИГИТАЛНИ услуги

ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ преку своите технички капацитети на своите претплатници може им ги понуди следниве дигитални услуги:

– WordPress Hosting (хостирање на “wordpress” веб-страни  на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ)

– Email Hosting (креирање и управување со е-мејл адреси со сопствен домен на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ)

– Cloud Storage (чување на податоци на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, пристапни од други уреди со можност за споделување со други корисници)

 

2.2 ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

– Цените на чинење на услугите ќе бидат утврдени и објавени во Ценовникот на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

– ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да ги одредува, менува и дополнува цените и условите за користење на услугите, при што истите се објавуваат во Ценовникот на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ пред нивното стапување на сила.

– ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ на претплатниците им доставува Фактура за искористените услуги на месечно ниво, на почетокот на секој месец, и тоа за искористените услуги од претходниот месец.

– При почетната активација на дигиталните услуги на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, месечната претплата за првиот месец се пресметува во пропорционален износ во зависност од бројот на преостанатите денови до крајот на пресметковниот период, а во сите наредни месеци на користење, месечната претплата се наплатува во целосен износ до истекот на пресметковниот период.

 

2.3 УПРАВУВАЊЕ СО УСЛУГИТЕ

– Претплатникот преку веб-страницата cp.foxver.com во секој момент ќе може да избере да користи и дополнителни услуги за чие користење е предвидено плаќање на дополнителна претплата надвор од месечната претплата за избраните услуги.

– За активирањето на дополнителни услуги ќе важат истите услови предвидени со општите услови и ќе се смета дека е склучен анекс на основниот претплатнички Договор.

– Претплатникот преку веб-страницата cp.foxver.com во секој момент ќе може да изврши деактивирање на одредени услуги за што ќе се смета дека е склучен анекс на основниот претплатнички Договор.

– Деактивираната услуга на претплатникот му се наплаќа заклучно со денот на деактивација на услугата.

– Доколку претплатникот ја деактивира услугата во текот на месецот, претплатата се пресметува во пропорционален износ во зависност од бројот на изминатите денови во кои претплатникот ги користел дигиталните услуги на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

 

2.4 ГАРАНЦИЈА ЗА ДОСТАПОНОСТ НА УСЛУГАТА

ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ на Претплатникот му гарантира мрежно времетраење од 99,5% на месечна основа.

1. Доколку мрежно времетраење на месечна основа падне под загарантираното ниво,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ на своите Претплатници им нуди:

– Една недела бесплатен хостинг доколку мрежно времетраење на месечна основа падне под 99,5% – 99,0%.

– Дополнително по една недела бесплатен хостинг за секој опаѓање од 1% на мрежно времетраење на месечна основа под 99.0%

– При пресметка на мрежното времетраење на месечна основа,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не го смета времето изминато при:

– Закажаното одржување;

– Вонредното одржување при пад на софтверот или хардверот, до изминат еден час;

– Застој предизвикан од промените на DNS и/или IP адресата за кои Претплатниците биле известени, но не извршиле промена на конфигурацијата.

– ДДОС напади (DDOS), хакерски напади и други слични настани;

– Застојот предизвикан директно од Претплатникот, неговата сопствена конфигурација или апликациите од трети страни;

– Прекин во услугата предизвикан од надминување на алоцираните ресурси на Претплатникот.

– Прекин предизвикан од кршење на Општите услови или која било друга политика објавена на нашата веб-страница;

3. Пресметките за достапноста на мрежата се засноваат врз внатрешни записи на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ. Извештаите добиени од трети страни нема да бидат прифатени за веродостојни.

4. Времетраењето на бесплатниот хостинг е ограничено од времетраењето на услугата, но во секој случај не може да биде подолг од 1 месец во тековниот месец.

3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

3.1 ПРАВА И ОБВРСКИ НА ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ

1. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ се обврзува дека на Претплатникот ќе му ги о6ез6еди Услугите со највисок квалитет и ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на Претплатникот непречено и непрекинато користење на Услугите како што е наведено во  „ГАРАНЦИЈА ЗА ДОСТАПОНОСТ НА УСЛУГАТА“ при што ќе ги преземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки во сопствениот систем.

2. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има обврска да ги испраќа месечните фактури за користење на дигиталните услуги на претплатниците најдоцна 5 дена по истекот на месецот за кој се фактурира.

3. Фактурите ќе бидат издадени на име на претплатникот и испратени на негова е-мејл адреса, односно на е-мејл адреса на која самиот претплатник барал да се доставува.

4. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да ги обработува личните податоци на претплатниците врз основа на претходно добиена согласност од претплатникот.

4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРЕТПЛАТНИКОТ

4.1 Плаќање на услугите

1. Претплатникот плаќа надоместок за користење на услугите/ пакетот на услуги на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ во рокот наведен во Фактурата, во согласност со цените утврдени во Ценовникот на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

2. Не примањето или не поседувањето на Фактурата од која и да било причина, не го ослободува претплатникот од обврската да го плати долгот во предвидениот рок. 3. Претплатникот е должен во случај на не добивање на месечна Фактура за користени услуги да го информира  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ на е-мејл адресата contact@foxver.com

3. Плаќањето ќе се смета дека е извршено на датумот на кој сумата на име надоместок за користење на услугите ќе биде пристигната на сметката на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

4. При привремен прекин на услугите поради причини наведени во „ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКИН НА ПРИСТАП“,претплатникот е и понатаму одговорен за плаќање на месечната претплата за деновите во кои услугата му била оневозможена.

 

4.2. Ненавремено плаќање на издадените Фактури

1. Во случај на ненавремено плаќање,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да пресмета законска казнена камата од првиот ден по истекот на рокот за плаќање утврден во Фактурата.

2. Доколку претплатникот не ја плати Фактурата за користење на услугите во рокот определен за плаќање, по претходно електронско известување,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да му ги оневозможи услугите на претплатникот и да го раскине претплатничкиот договор на начин и постапка утврдени во истиот.

 

4.3. Други ПРАВА И обврски на претплатникот

1. Во случај на промена на личните податоци или другите податоци внесени во претплатничкиот договор, претплатникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена да го извести  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ за настанатата промена. Доколку заради неисполнување на оваа обврска  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не е во можност да реализира некоја своја обврска, право или претрпи штета, целокупната одговорност за тоа паѓа на товар на претплатникот.

2. Претплатникот има обврска да ја чува во тајност лозинка на својата корисничка сметка со која се идентификува и најавува во системите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и истиот целосно одговара за сите превземени активности од својата корисничка сметка на системот на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ или на било кои други системи на трети лица.

3. Претплатникот се обврзува да не ја открива лозинката на својата корисничка сметка на трети лица.

4. По барање на Претплатникот,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ може да изврши ресетирање на лозинката на Претплатникот доколку истиот 6ил користен 6ез овластување од трети лица.

5. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ

Секое прекршување на Општите услови ќе се смета за прекршување на одредбите од претплатничкиот Договор што ќе резултира со раскинувањето на истиот и прекинување со понатамошно давање на услугата од страна на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ и/или суспендирање на корисничката сметка на претплатникот.

5.1 ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКИН НА ПРИСТАП

1. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ може без согласност на претплатниците привремено да го ограничи или прекине пристапот кон дигиталните услуги во следните случаи:

– Доколку претплатникот не ја плати Фактурата за користење на услугите во рокот за плаќање определен во Фактурата, до целосно плаќање на истата;

– Доколку веб-страницата на претплатникот која е хостирана на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ е инфицирана од малвер или друг тип на вируси, се до нејзиното чистење.

– Доколку  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ прими известување за прекршување на авторските права на трети лица на содржини објавени на веб-страниците хостирани на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, се до утврдување на основаноста на барањето за симнување на содржина.

– Во случај на хакерски напад од страна на трети лица, за заштита серверите и податоците кои истите ги содржат, се до намалување на ризикот од напад на разумно ниво.

– Во случај на злоупотреба на е-мејл адреса хостирана на серверите на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ за испраќање на спам или малициозни содржини, се до точно утврдување на намерите за испраќање на мејловите од страна на претплатникот.

2. За време на привременото исклучување во случаите наведени во овој член, претплатникот е и понатаму одговорен за плаќање на месечната претплата.

3. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ на претплатниците на кои привремено им го ограничува или прекинува пристапот кон дигиталните услуги ќе ги извести за причината за ограничување или прекин во рок од 8 часа од моментот на ограничувањето или прекинот.

 

5.2 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИК

1. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ може да го ограничи пристапот до неговите услуги и/или да го исклучи претплатникот само во случај кога претплатникот не ги исполнил своите обврски или не постапил според условите наведени во Претплатничкиот договор и Општите услови.

2. Во случај на повреда на одредбите од претплатничкиот договор и Општите услови,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕпрекуелектронска комуникација ќе го извести претплатникот дека е должен да ги исполни договорните обврски, во рок наведен во писменото известување.

3. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не е должен однапред по електронски пат да го извести претплатникот за исклучувањето, доколку се:

– Предизвикува моментална и сериозна закана по јавниот ред, јавната безбедност, здравјето на луѓето и животната средина;

– Предизвикува голема материјална или оперативна штета;

– Ги прекршува одредбите од главата „ЗАБРАНЕТА УПОТРЕБА“ од Општите услови

4. Доколку е технички можно,  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да го ограничи пристапот само до оние услуги во однос на кои претплатникот не постапил според условите наведени во претплатничкиот договор, освен во случаи на злоупотреба констатирана од страна на надлежен државен орган или континуирано доцнење со плаќањето, односно неплаќање на Фактурите, кога на претплатникот ќе му биде ограничен пристапот до сите услуги.

6. ВИША СИЛА

1. Услугите кои ги дава  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ можат да бидат прекинати поради дејство на виша сила.

2. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, чие настапување не можело да се предвиди ниту да се спречи и поради кој исполнувањето на обврските по договорот станало отежнато или невозможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војни), акти на јавната власт, нарушувања во функционирањето на системот.

3. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност кон претплатникот, поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на виша сила.

4. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност за штета настаната поради уништување на неговите технички капацитети предизвикани од настан на виша сила.

7. ЗАБРАНЕТА УПОТРЕБА

1. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ не дозволува употреба на неговите технички ресурси за промовирање на игри на среќа, порнографски содржини, трговија со луѓе, дрога или други нелегални супстанци, ширење на говор на омраза, нелегални содржини, како и сите други содржини кои се во спротивност со добрите обичаи, позитивното право и Уставот на Република С. Македонија.

2. Под забрането промовирање на игри на среќа се подразбира секое дејствие на приредување и рекламирање на игри на среќа преку веб-страници хостирани на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

3. Под забрането промовирање на порнографкси содржини се подразбира секое дејствие на прикажување, дистрибуција и рекламирање на порнографкса содржина преку веб-страници хостирани на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

4. Под забрането промовирање на трговија со луѓе, дрога или други нелегални супстанци се подразбира секое дејствие на трговија, дистрибуција, посредување и рекламирање на трговија со луѓе, дрога или други нелегални супстанци преку веб-страници хостирани на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

5. Под забрането промовирање на ширење на говор на омраза се подразбира секое дејствие на деградација, вознемирување, предизвикање насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особинакое се врши преку веб-страници хостирани на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

6. Под забрането промовирање на нелегални содржини, се подразбира секое нелегално и неовластено дејствие со кое се врши повреда наавторските права на содржини кои се објавени преку веб-страници хостирани на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

8. ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ

1. Претплатникот има право на повлекување од Договорот за претплатнички однос во рок од 14 дена сметано од датумот на склучување на Договорот, без да даде било каква причина и без да сноси било какви трошоци.

2. Претплатникот својатаодлука да се повлече од Договорот треба да ја достави во форма на изјава во електронска форма на е-мејл адресата contact@foxver.com во форма на “Word” документ.

9. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

1. Услугите и сета оригинална содржина на Веб-страницата https://foxver.com и поддомените cp.foxver.com, mail.foxver.com и cloud.foxver.com, нивните карактеристики и функицоналности се сопстевеност на  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ.

2. Претплатниците сами сносат одговорност за прекршување на правата од интелектуалната сопственост за сите информации  или податоци кои ги прикачуваат на серверите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ особено е-мејлови, слики, видеа, веб-страницата, документи и сета останатата содржина која се смета за интелектуална сопственост.

3. Доколку прикачената содржина прекршува права од интелектуална сопственост  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото да ја отстрани содржината и привремено да го ограничи или прекине пристапот кон дигиталните услуги на претплатникот.

10. ВРСКИ ДО ДРУГИ ВЕБ СТРАНИЦИ

1. При користење на услугите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ претплатникот може да дојде во контакт со врски до веб-страни кои не се во сопственост на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ, притоа ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ нема контрола и не презема одговорност за содржината, политиката за заштита на лични податоци или останатите политики за работа на било кои веб-странициили услуги на трети лица.

2. Претплатникот со прифаќање на Општите услови потврдува и се согласува дека  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ нема никаква директна или индиректна одговорност, за каква било штета или загуба предизвикана со употреба или потпирање на каква било содржина, добра или услуги достапни на/или преку какви било веб-страници или услуги на трети лица.

3. ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ ги советува своиоте претплатници да ги прочитаат условите, правилата и политиките за приватност на која било веб-страница или услуги на трети лица кои ги посетуваат.

11. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

1. Овие Општи Услови важат за сите Претплатници кои ги користат Услугите на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕкако крајни корисници и се применуваат од датумот на нивното објавување на интернет страница на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ– https://foxver.com, кога и стапуваат на сила. На денот на стапување на сила на овие Општи услови престануваат да важат сите претходно објавени Општи услови.

2. Овие Општи Услови може да бидат изменети од страна на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ без претходна согласност на Претплатникот во секое време, особено поради промена на условите на пазарот или промени во релевантните прописи. Дополнувањата или измените на овие Општи Услови ќе бидат објавени од ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕи ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин, согласно позитивните прописи на Република С.Македонија, при што изменетиот текст на Општите Услови ќе биде објавен на интернет страница на ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕнаменета за корисници – https://foxver.com

3. Со прифаќање на Општите услови претплатникот дава изречна согласност за се што не е предвидено во овие Општи услови, да се применуваат одредбите од македонското законодавство, првенствено Законот за облигационите односи, Законот за заштита на потрошувачи, Законот за авторското право и сродните права.

4. Во случај на спор надлежни се судовите во Република С. Македонија, а стварно надлежен суд е Основен граѓански суд – Скопје во Република С. Македонија.

12. КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате какви било прашања во врска со овие општи услови, можете да го контактирате  ТЕЈЛ ВЕР ДООЕЛ СКОПЈЕ со седиште на ул. Никола Парапунов 1/56, 1000 Скопје, Северна Македонија на тел. бр. +389 75 929 505, на е-мејл: contact@foxver.com или да испратите барање преку функцијата „Постави прашање“ на нашите веб-страници.